Медиумите ширум светот ја објавија последната слика на починатиот Робин Вилијамс. На неа актерот не личи многу на забавниот и секогаш насмеан човек, кого бевме навикнати да го гледаме.
Фотографиите се снимени во ресторан кој се наоѓа недалеку од рехабилитациониот центар во Минесота, во кој Вилијамс го помина крајот на месец јуни. По неколку децении, во кои ѕвездата се бореше со зависноста од дрога и алкохол, ова лето тој уште еднаш влезе во центарот.
„На почетокот не го познав” – сподели службеничка од ресторанот со која што актерот се фотографирал.