Нивниот брак е под големо медиумско внимание, но Бијонсе ја открила својата страна од приказната исклучиво преку Инстаграм.
Бијонсе и Џеј Зи веќе неколку месеци се борат со гласините дека имаат проблеми во бракот и дека можно е да се разведуваат. Тие, како и обично, тоа не го коментираат.
Бијонсе можеби токму на овој начин реагира на шпекулациите за нивниот брак.
На Инстаграм објавила слики на кои позира во дрес со презиме на својот сопруг, Картер. Се чини дека освен дресот, и нема многу останата облека на неа. Ги покажа своите стегнати нозе, и секако со малку шминка на лицето, Бијонсе е вистинска убавица.