Холивудската актерка можеби би била жива денес доколку мајка ѝ повикала брза помош 24 часа пред таа да колабира, тврди водечкиот патолог.
Трагично Марфи била толку исплашена од папараците пред нејзиниот дом, што морала да се обрати на социјалните спасувачки служби и одбивала да прими медицинска помош кога прв пат почнала да има проблеми со дишењето.
Како резултат на тоа, мајката на Марфи, Шерон повикала брза помош откога ќерка ѝ колабирала на нејзините раце, безживотно, утрото на 20-ти декември 2009 година.
Др. Шепард изјавил: „Кога Британи колабирала во нејзината бања веројатно болничарите веќе не можеле да ја спасат. Но ако таа беше донесена во болница 24 часа порано и ѝ беа дадени интавенски лекови, постојат добри шанси таа да беше тука денес“.
Но патологот не вели дека тоа било намерно, ниту пак директно ја обвинува нејзината мајка, бидејќи Британи била на толку многу апчиња во последниот период што не можела да препознае колку е таа болна.