Веста што го потресе Холивуд: Почина девојчето од „Патриот“

Детската филмска ѕвезда, која се прослави со улогата на ќерка на Мел Гибсон во филмот „Патриот“, Скај МекКол Бартусиак изненадно почина.

Скај ја пронашле мртва во нејзиниот дом, но причината за смртта засега не е утврдена. Според информациите на TMZ актерката наводно преминала во сон во куќата на своето семејство во Тексас.

Полицијата во нејзината семејна куќа била повикана во саботата околу 9 часот. На нејзиното тело немало никакви видливи знаци кои би упатувале на насилство, како причина за смртта.

21 годишната девојка ќе ја паметиме по улогата на Сузан Мартин, ќерка на Бенџамин Мартин, кој го глумеше Мел Гибсон. Нејзин постар брат во истиот филм глумеше Хит Леџер, кој што во 2008. година почина од предозирање.

Прочитајте и:  Kinds of Kindness“ во режија на Јоргос Лантимос - визионерска симфонија на апсурдот

Скај подоцна се појави во филмови со Мајкл Даглас и Шарлиз Терон, а епизодни улоги имаше во Lost и CSI.

Обдукцијата е во тек.

ddddddddd

- Реклама -