Македонија повторно ќе оди на Евровизија, ама на првиот начин

После анкетата и размислувањето на МРТ, дали Македонија треба да продолжи да настапува на Евровизија, конечно падна одуката.Да, ама победникот ќе се избира како на почетокот – на Скопскиот фестивал.

Овогодинешниот Скопски ќе се одржи на 13- ноевмри и ќе учествуваат 20 мелодии кои ќе се борат за Евровизиски настап.

„Изминатите неколку фестивалски изданија не убедија во високиот квалитет на песните изведени на фестивалот и нивниот понатамошен успех меѓу публиката. Токму заради тоа и да не се прави дополнителен избор, организаторот на фестивалот МРТ одлучи победничката композиција од Скопски фестивал да не претставува на Изборот за Песна на Евровизија за 2015 година“, изјави Мери Попова, уредник на културно-уметничката програма на МТВ.

Прочитајте и:  Граѓаните на Базел сакаат Евровизија и покрај критиките од екстремната десница

Водено тие воведуваат и новитет во начинот на кој што ќе се гласа:

„Изменет е начинот на гласање и го воведовме веќе испробаниот и успешен евровизиски модел на гласање. Овој модел се одвива по системот на телевоутинг и оценување од страна на меѓународно стручно жири, во сооднос 50 – 50 проценти“, додава Попова.

Конкурсот за аплицирање на Скопскиот фестивал ќе трае до 31 јули.

- Реклама -