Операција успешна, пациент – бледа копија. Оваа девојка, решила сосема да го промени изгледот за да заличи на својата омилена Ким Кардашијан.
24 годишната Клер Лесон потрошила цели 30.000 долари за да изгледа како познатата старлета.
Клер вели дека потрошила илјадници долари за вградување на силикони, надградба на косата, солариум, шминка и гардероба за да личи на Ким Кардашијан, а ова го направила за да ја врати самодовербата.
„Прво ги избелив забите, а потоа сакав градите да ми бидат поголеми, на хирургот му донесов сика од Ким Кардашијан за да му објаснам како сакам да изгледам, а потоа купив силиконски додатоци кои правеа да изгледаат поголеми“, објаснила таа.
Таа додала дека силиконските влошки кои се наоѓаат во фармерките изгледаат како да се вистински, но секако планира да вгради вистински силикони и да го зголеми задникот, бидејќи сам од себе нема да изгледа како оној на Кардашијан.
„Мислам дека е многу убава и навистина сакам да изгледам како неа. Мојата работа не ми обезбедува доволно пари за да можам да си го дозволам тоа, па сериозно се задолжив. Кога ќе ме фати паника како ќе ги вратам тие пари се префрлам на „Ким расположение“ и се чувствувам дека можам да направам се“, вели Клер.