Џастин Бибер осуден на 2 години условна казна

Калифорнискиот суд го осуди Џастин Бибер на 2 години условна казна поради вандализам.На почетокот на годинава соседот на Бибер во градот Калабасас поднесе тужба против него.

Пејачот го нападнал  неговиот дом со јајца, нанесувајќи повеќе штета.

Инцидентот беше снимен со камера и Бибер немаше алиби. Покрај двете години условна казна, судот пресуди канадскиот поп-идол да ги  плати трошоците за отстранување на штетата во висина од 80.900 долари.

Лично Бибер не се појави пред судот, туку процесот се одвиваше преку неговите адвокати.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?
- Реклама -