Некој има важбано и работено напроно на себе, а својата „сила“ познатиот актер го покажа во прошетка со својата ќерка…
Кога беше објавено дека Бен Афлек ќе ја одигра улогата на Бетмен во претстојниот „Batman v. Superman: Dawn of Justice“, реакциите на публиката беа главно негативни. Сепак, Афлек со одлична смисла на хумор ги прифати критиките на своја сметка и ги започна подготовките за улогата.
Актерот и режисер успеа физички да се трансформира за да изгледа соодветно за улогата, а доказ за трудот што го вложил се фотографиите од пред неколку месеци и сега. За да ја постигне посакуваната физичка трансформација, Афлек имал поставено фитнес сала во резиденцијата каде што престојувал за време на снимањето на филмот во Детроит.
Во поглед на критиките Афлек изјави:
„Не е важно што мислат луѓето пред да излезе филмот, важно е што мислат откако ќе го погледнат.“
Премиерата на „Batman v. Superman: Dawn of Justice“ е закажана за мај 2016-та, а во него покрај Хенри Кавил и Бен Афлек ќе се појават Џејсон Момоа, Џеси Ајсенберг, Џереми Ајронс и Ејми Адамс.
Дали сега може да го замислите како Бетмен?