Новата кампања на Ammnesty International може да ве шокира!
Иги Поп, Далај Лама и Карл Лагерфелд се новите лица на кампањата на Ammnesty International во Белгија. Новата кампања на оваа асоцијација има за цел да запре секојдневно измачување на луѓето ширум светот.
Тепаните Далај, Иги и Кал се прикажани на постери мачени и убиени, со изјави кои никој не би ги очекувал од нив.
„Маж кој нема Rolex до 50 години, не успеал во животот“, порачува Далај Лама.
„Џастин Бибер е иднината на рокенролот“, изјавува Иги Поп.
Од Ammnesty International со тоа сакале да покажат како малтретираните луѓе можат да кажат било што под принуда и насилство.