Долгоочекуваниот настап на Џенифер Лопез и Питбул ги исполни очекувањата.
Џенифер Лопез настапи на Светското фудбалско првенство во Бразил. Заедно со Питбул и Клаудија Леите познатата убавица ја изведе официјалната песна на првенството „We Are One (Ole Ola)“.
44-годишната пејачка ја покажа својата завидна фигура во заводлив фустан од кој никој не можеше да симне поглед.
А, доколку го пропуштивте синоќешното отварање, можете да го погледнете низ фотографиите подолу или на видеото.