Фановите згрозени- зошто тоа го направи на концерт?

Секој пат шокира сè повеќе- погледнете што направи овој пат.

Мајли Сајрус, за време на својот настап на сцената, фрлила во публиката парче картон. Но, не било каков картон, туку на него бил насликан ликот на поранешната девојка на Џастин Бибер- Селена Гомез.

Embedded image permalink

Работата да биде уште поинтересна, сето тоа пејачката го извела пеејќи ја песната со симболичен наслов „FU“ која симболизира два збора кои сака да ги каже на еден дечко- е*и се!

Медиумите веднаш почнаа да шпекулираат за можни чувства на Мајли кој познатиот пејач Џастин Бибер.

Тие се познаваат еден со друг со години, но се зближиле уште повеќе кога Џастин ѝ бил „рамо за плачење“ по раскинатата веридба со Лиам Хемсворт. Се разбира, тие негираат дека имало нешто повеќе меѓу нив освен пријателство, но Џастин беше голема подршка на Мајли во тоа време.

Прочитајте и:  Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ во режија на Сашо Кокаланов вечерва на сцената на НУЦК „Кочо Рацин“ Кичево

Медиумите успеаа да „ископаат“ информации кои Селена ги има кажано за рехабилитацијата во Аризона на која беше во февруари оваа година.

Селена наводно зборела за недовербата која ја има во Џастин и дека има големи проблеми со неговото флертување со други жени. Наводно ја обвинила Мајли како крива за нивното раскинување.

Мајли и Селена исто така се знаат со години, бидејќи тие во исто време глумеле во познатата Дизни серија. А што се случува сега, и зошто Мајли направила ваков потег, останува да откриеме.

- Реклама -