Младоженците избраа хотел со пет ѕвездички за нивниот меден месец.
По гламурозната италијанска свадба, Ким Кардашиан и Канје Вест отпатуваа на нивниот меден месец во Ирска, пишува Daily Mail.
Реалити ѕвездата и познатиот рапер со приватен авион слетаа на аеродромот Корк во Ирска, и ќе таму ќе бидат четири дена бидејќи за време на викендот ќе присуствуваат на свадбата на стилистот на Канје.
Ким како дестинација за меден месец ја одбрала истата како и нејзината мајка Крис со очувот Брус Џенер, а Даблин е особено драг и на Канје дека таму го прославил својот 35-ти роденден.
По раскошната свадба на која присуствуваа 600 гости, Ким својата Givenchy венчаница ја замени со полежерно издание. Нејзината сестра Клои на Инстаграм објавила фотографија на која позира свртена со грб.
„И живееја среќно до крајот на животот“, напишала Клои покрај фотографијата. Иако ви декември минатата година поднесе барање за развор од Ламар Одом, се чини дека Клои се уште не е помирена со нивната разделба.