Се смирија Соланж и Џеј Зи, барем пред камерите

Џеј Зи и сестрата на неговата сопруга Соланж, по нападот во лифтот повторно се во добри односи.

Или барем така се чини откога Бијонсе на својот сајт објавила нови семејни фотографии.

Насмеани на сликата позираат раперот, Бијонсе и нејзината мајка со сестра ѝ Соланж.

Сликата е направена по семејната вечера која ја имале во Њу Орлеанс, а им се придружиле и Алан Фергусон кој се забавува со Соланж.

Откога во јавноста се појави снимката на кое се гледа како Соланж го удира Џеј Зи додека се возат во лифтот, популарната Бијонсе во неколку наврати се обиде да ја поправи штетата.

Таа издаде и официјална изјава во која вели дека и тие се како било кое друго семејство- има и кавги, има и љубов.

- Реклама -