Тинејџерката не го очекувала ова од својот идол, па била многу изненадена.Славната пејачка Ријана е обвинета дека вршела онлајн малтретирање над тинејџерка која облекла фустан сличен на нејзиниот на својата матурска вечер. Алексис Картер од Балтимор тврди дека пејачката ја навредила по пат на Твитер.
Имено, 2010. Ријана облекла интересен зелен комбинезон на доделувањето на Еко Авардс. Алексис ја видела нејзината фотографија и помислила дека облеката и е кул, па се одлучила за истата.
Таа се пофалила на социјалните мрежи, а и нејзините пријатели биле задоволни.
„Сите ми говореа дека им се допаѓа, дека одлично ми го нагласува телото“, вели Алексис.
Но, следниот дем следувала друга приказна. Некои се зафркавале дека наликува на „матурски глушец“, а меѓу нив се најде и славната Ријана.
Пејачката објави фотографија од себе и Алексис во истата облека.
„Тоа ме навреди. Зошто и пречев до толку? Таа не ги сака своите обожавателки како што твди“, вели Алексис.