Реалити ѕвездата Ким Кардашиан не може да го дочека денот кога ќе го изговори судбоносното „да“, па на својот Инстаграм профил се пофали со фотографија на која позира во нејзиниот фустан која многу наликува на венчаница.
Цветниот ѕид кој нејзиниот вереник ѝ го подари за Денот на мајката, послужил како одлична подлога за уште една во низата експонирања на реалити ѕвездата.
Фустанот направен од чипка и сатен во пастелна нијанса ги нагласува нејзините познати облини кои Ким со задоволство ги истакнува, а трите фотографии кои ги споделила со обожавателите покажуваат колку не може да ја дочека свадбата која за 11 дена ќе се оддржи во најромантичниот град на светот, Париз.
Шпекулациите за тоа како ќе изгледа свадбата не запираат, па така медиумите пишуваат дека младоженците на местото изградиле реплика од балконот на кој принцот Вилијам и војвотката Кетрин за прв пат разменија бакнеж, но Ким и Канје тоа го негираат.