Мики Рурк (61) решил да ослабе по налог на својата девојка Анастасија Макаренко (27).
Се здебелил на снимањето на филмот „Борачот“, односно накачил мускулна маса која со години се претворала во сало.
Неодамна почнал да посетува теретана, пие протеински шејкови и го променил начинот на исхрана. Ослабел речиси 20 килограми. Новата линија, ја „прошетал“ низ улиците на Лос Анџелес. „Се преполови. Го издаде оперираното лице“, рекол минувач.
Мики Рурк инаку се плаши од стареење, и редовно посетува пластични хирурзи.