Малиот принц Џорџ наполни осум месеци па ред беше за уште еден официјален портрет во кралското семејство. Но, бебето повеќе било заинтересирано за кучето отколку за сликање.
Кејт (32) и принцот Вилијам (31) позирале со синот седејќи на прозор во Кенсинготската палата, а централно место на сликата ја завема малиот Џорџ и кучето Лупо.
Инаку, џемперот кој специјално за оваа прилика го носел најмладиот член на кралското семејство, направен е рачно, уникатен е, а материјалот доаѓа од мало производство кое е во сопственост на кралот.
Принцот Џорџ по четврти пат официјално позира со родителите. Првиот пат беше фотографиран штом излезе од болница. Потоа следеше првата фотограија со родителите и кучето. Се сликаа и во парк пред една од нивните палати.
Следна фотографија е со целото кралско семејство а потоа и свеченото крштевање.