Бурниот емотивен живот на рок ѕвездата Мик Џегер остави сериозни последици на неговите партнерки.
Низ креветот на Џегер поминале многу жени, а многумина од нив се обиделе да си го одземат животот по љубовна врска со него.
Неговата прва сериозна врска била во средината на шеесеттите години со 19-годишната студентка Криси Шримптон.
Џегер на почетокот бил заљубен во неа и планирале венчавка. Но, Мик ја оставил Криси за пејачката Мариен Фејтфул само неколку години подоцна.
Сама и напуштена, Криси се обидела да се убие со таблети за спиење во стан во Лондон во кој живеела со Џегер. Тој ја пронашол на време, но за да се избегне негативен публицитет, во болница била пријавена под лажно име.
Била хоспитализирана во приватна клиника и всушност била затвореник, додека нејзините родители не дошле по неа.
Додека Криси се опоравувала во приватната клиника, Мариен станала музата на Џегер. Со неа се запознал и вљубил во балетот, операта и литературата.
Но, нежната принцеза Мариен се најде во средина на скандал во 1967 година кога заедно со својот драг, со која била излезена, била уапсена за поседување на наркотици. Штетата и не би била толку голема ако Фејтфул за време на апсењето на себе да не носела само бањарка. Додека Џегер бил во Австралија во 1969 година Мариен испила 50 апчиња за спиење ставени во топло чоколадо.
Како и Криси, Џегер ја пронашол на време, но тоа било почетокот на Мариен на патот кон дното. Бидејќи го оставила Џегер, банкнотирала и станала зависник.
Онаа која успеала да го однесе Џегер пред олтар била Бјанка Перез, подоцна Бјанка Џегер. Како што самата изјавила, нејзиниот брак завршил оној ден која и почнал.
Џегер и таа се расправале неколку часа пред венчавката во Сен Тропе, затоа што таа одбила да го потпише предбрачниот договор. Бракот траел една година, но двојката останала заедно поради ќерката Џејд. Кога конечно се развеле, Бјанка излезе со милион долари кои едвај ги извадила од Џегер.
Единствената која навидум успеала да го „заузди“ Мик и да помине без сериозни последици била Џери Хол.
Освет тоа што била добро ситуирана, Џери ги игнорирала сите негови афери со помлади жени. Сепак, Џери толку сакала да се омажи што постојано на турнеите носела венчаница „да се најде“, доколку Џегер сака да се ожени со неа.
Тоа се случило бидејќи му родила две деца, 1990 година во Бали. Кога поднела документи за развод, тие двајца го имале веќе четвртото дете.
Последната девојка на Џегер, дизајнерката Л’Врен Скот си го одзеде животот во понеделникот. Таа беше пронајдена обесена во својот стан во Менхетен.
Л’Врен не барала сериозна врска со пејачот. Интересно е дека Џегер, емотивен адолесцент, за Л’Врен секогаш зборувал како за жена со која се гледа на „некој начин“. Откако дознал за нејзината смрт, изјавил дека е „скршен“.