Познатата британска актерка Кејт Винслет доби големо признание во Холивуд.
Конечно има своја ѕвезда на Булеварот на славните!
Но, не започна сè во најдобар ред… Штом Кејт Винслет слета, во Лос Анџелес имаше мал земјотрес со јачина од 4,4 степени, кој ја престрашил.
„Не знаев дека ова ќе биде толку убав настан, особено по земјотресот што го почувствував утрово. Бев навистина преплашена. Веднаш побарав засолниште, а сеуште ја имав пумпата за градите во рака“, изјавила Кејт за време на својот говор по добивањето на ѕвездата на Булеварот на славните.
Кејт инаку го роди и своето трето дете пред малку повеќе од три месеци, а нејзината стегната фигура ја покажа во црн фустан кој одлично и прилегал. „Се чувствувам многу почестено што стојам тука по 20-годишна кариера“, рекла познатата британка која по признавањето гостуала во емисијата на Елен деГенерис.