Неколку часа по доделувањето на Оскарите, медиумите веќе се нафрлија на новата актуелна приказна. Станува збор за судењето на параолимпиецот Оскар Писториус, кој е обвинет за убиство на својата девојка Рива Стинкамп.
Интересот за судењето е толку голем, што уште од вчера новинарски екипи поставија камери за 24-часовно следење на настаните.
Обвинителството ќе бара доживотна казна затвор за убиството на Рива Стинкамп, која Писториус ја застрела на 14.февруари минатата година. Писториус се бранеше со тоа дека мислел дека во куќата провалил крадец и ја застрелал девојка си по грешка. Обвинителството пак тврди дека Писториус ја застрелал Рива, после нивна жестока расправија.
Ако го осудат, Писториус ќе помине минимум 25 години во затвор, пред да добие можност да бара да го пуштат на условна.
Ако го осудат за убиство без предумисла би добил помала затворска казна, опција што е многу веројатна во случајов. Освен за убиството, на Писториус ќе му се суди и за нелегално поседување на оружје.
Делови од судењето ќе бидат пренесувани во живо ширум светот.