За сите години од својата кариера таа добивала бројни непристојни предлози, а овој случај е еден од многуте.
„ Добивав многу откачени предлози, но најчудниот од нив беше од еден арапски принц, да ми плати 1,6 милиони долари, за секс за една ноќ. За жал, многу други модели прифатија да се „продадат” “, открива моделот.
Клаудија Шифер гостуваше на шоуто на Џонатан Рос, каде призна дека во текот на годините успеала да го сокрие срамежливиот карактер зад нејзиниот професионален имиџ.
„Многу ми е срам кога излегувам пред толку многу луѓе. Се чувствувам добро во друштво на тројца или четворица, но крај голем број луѓе не се чувствувам удобно. Навистина сум многу срамежлива личност и за среќа шминката и стајлингот ми помагаат да го скријам тоа на подиумот. Не сум и се сомневам дека некогаш ќе успеам да го надминам тоа. Среќа се шминкав, па се уверив дека луѓето нема да забележат колку сум црвена како домат цело време “.
Германскиот модел веќе има 30 години и се уште е на модна писта, а според Форбс нејзините финансии изнесуваат 55 милиони долари.
Клаудија Шифер има три деца и сподели уште дека не се плаши од процесот на стареење, бидејќи според неа е нормално во еден момент на човек да започнат да му се формираат брчки.
„Мислам дека тоа е дел од животот. Ако некој се плаши од тоа и има проблем со „феноменот” брчките, тоа е полошо за него“, додава моделот.