Ситуацијата во Украина го поттикна откажувањето на концертот на Depeche Mode во Киев.
Истиот требаше да се одржи на 26 февруари во Меѓународниот изложбен центар во Киев во рамките на Delta Machine Tour. На 28 февруари Depeche Mode свират во Минск, на 2 март – во Рига, а на 4 и 7 март – во Санкт Петербург и Москва.
„Безбедноста на групата и фановите е врвен приоритет. Во моментов е невозможно да се обезбеди безбедно спроведување на концертот во Киев”, гласи пораката објавена на официјалната страница на бендот.
„Ќе очекуваме друга можност за да ги израдуваме нашите фанови во Украина. Групата е мисловно со Украинците во овој, за нив, тежок период”, се вели во соопштението на британското трио.