Актерката Шерон Стоун (55) се фотографирала за насловната страна за новиот број на списанието “Shape“ и го покажа извајаното тело и во шестата деценија.
Сепак, открила дека водела тешка битка со себеси кога сфатила дека времето го земало својот данок и го менува нејзиното тело.
– Се погледнав во огледало, го погледнав своето тело, и плачев и плачев. Потоа си реков себеси: Почнуваш да старееш. Како сакаш да изгледаш?- открила актерката.