56-годишната пејачка Шерил Кроу признала дека има тумор на мозокот, но не сака да се подложи на операција.
– Чуствував како некој од внатре да ми ја притиска десната слепочница. Знаев дека нешто не е во ред- објаснила Шерил како дознала дека има тумор на мозокот.
За среќа, туморот е бениген и многу бавно расте. Својата исповед ја продолжила признавајќи дека не сака да го отстрани туморот со цел да не има лузна:
– На секои шест месеци одам на контрола, но не сакам да го отстранам затоа што тоа би значело дека ќе имам една голема лузна- рекла пејачката која во 2006 година открила дека има рак на дојката, од кој успешно се излекувала.