Иако живеам јавен живот, некои приватни детали членовите на кралското семејство би сакале да ги зачуваат за себе. Но сепак, овие детали излегоа во јавноста…
Кралското семејтво е прилично воздржано и деталите од својот приватен живот не ги даваат така лесно.
Се сеќавате на големиот скандал околу прислушкувањето од страна на британскиот таблоид ‘News of the World’, кога излегоа пораки од состанувањето на тогашната вереница Кејт Мидлтон и принцот Вилијам? Така дознавме за омилениот прекар на двојката- бејби, која Кејт редовно ја користи.
А дали сте сигурни дека знаете како Кејт и Вилијам се запознале? Студентскиот советник открил дека Кејт Мидлтон прво се запишала на универзитетот во Единбург, но на крај сепак паузирала година и се запишала на универзитетот Св. Ендрујс кога дознала дека таму ќе биде принцот Вилијам. Пресретот на кралската двојка изгледа било внимателно планиран…
Дали сте знаеле дека „виновник“ за нивната веридба била мајката на Кејт, Карол Мидлтон?
Наводно таа го притиснала Вилијам со кој на само зборувала на една Божиќна забава во 2009-та година, а кратко време по тој „состанок“ Кејт и Вилијам го објавија нивното свршување.
Секое семејство има „црна овца“, а принцот Хари беше мета на британските медиуми поради своите забави. Според неофицијалната биографија, принцот Хари наводно својата прва цигара ја запалил кога имал само осум години, а на 12 веќе пробал и бренди на летувањето по Медитеранот. Медиумите често пишувале и како Хари е вистиско „party animal“- на неговите забави имало многу девојки а не недостасувало и пиење. Хари дури имал и Фејсбук профил под лажно име ‘Spike Wells’, а сето тоа се дознало кога искочиле сега веќе легендарни голи фотографии од забавувањето во Лас Вегас.
И од страната на Кејт постојат неколку детали кои излегоа во јавноста благодарејќи на нејзиниот чичко Гери Голдсмит, кој бил фатен поради кокаин. Тој на британските медиуми открил и некои детали од приватното летување на младиот пар, па така дознавме дека Кејт и Вилијам уживале во бања со кал и на приватни ДиЏеј забави.