Бремениот стомак- најубав „моден“ додаток

Пејачката Гвен Стефани на социјалните мрежи објавила фотографија од својот бремен стомак.
Гвен Стефани го очекува своето второ дете, а стомакот што веќе се гледа таа гордо го покажува. Русокосата пејачка од групата No Doubt на Твитер објавила фотографија на која гордо позира гледајќи се во огледало, додека под црниот фустан ѝ се отцртува големиот стомак.

2014-01-23 15_15_54-Gwen Stefani na Twitteru objavila 'selfie' na kojem iskače trudnički trbuh - Dne

44-годишната Стефани и нејзиниот сопруг Гевин Росдал, веќе имаат два сина- седумгодишниот Кингстон и петгодишниот Зум.

„Бев подготвена да ја предадам круната. Но, изгледа дека сеуште сум кралица во нашиот дом. Момче е. Опкружена сум со момчиња“, напишала пејачката која на Инстаграм неодамна го откри полот на бебето.
Сетефани прв пат објави дека е бремена во септември минатата година, но сеуште не го потврдила датумот на породување.

- Реклама -