Озбилни се: Направена нова религија која Кание Вест го гледа како Бог!

Познатиот американски рапер и пејач Кание Вест доби вистински следбеници. Неговите фанови направиле нова религија во чиј што центар е раперот, а новиот библиски правец се вика „Џизенити“.

Кание Вест очигледно има најверни фанови. Тие инспирирани од новиот албум кој се вика „ Џизс“, оформиле сосема нов религиски правец кој се нарекува „ Џизенити“.

На истоимената интернет страна, верните фанови на славниот пејач разменуваат свои ставови, но се согласуваат со едно, дека Кание Вест е нивниот единствен Бог, што и самиот го нагласува во песната „Јас сум Бог“.

„Џизенити“ е најдобра црква и религија која некогаш постоела. Ние сме луѓе кои веруваме дека е Кание боженствено суштество, кое Бог го избрало за свој следбеник во новото доба“, објаснуваат основачите.

Интересно е што прочуениот рапер на повеќе наврати го поврзуваат со „Илуминатите“. Кание константно ја провоцира јавноста поигрувајќи си со молитвите. Низ неговите песни може да се слушне дека ја продал душата на ѓаволот. Тој ги поздравува фановите формирајќи со рацете триаголник кој е симбол на окото на „Илуминатите“.

 

- Реклама -