Адријана Лима не се плаши да го покаже на своите фанови своето вистинско лице- без ни малку шминка и плус испотена по тренингот.
32-годишната убавица и бренд на Victoria’s Secret на Инстаграм објавила фотографија од себе во издание во кое немаме можност често да ја видиме.
Косата врзана за тилот, многу чисто лице, „украсена“ само со капки пот, Адријана изгледа далеку различно од своите изданија на модните писти, но тоа не значи дека сеуште не е убава и заводлива.
„Се подготвувам за 2014-та!! Да… Идеме бејби“, напишала до фотографијата оваа секси мајка, а во исто време страствена боксерка која не попушта на тренинзите во рингот на својот „ривал“, всушност тренерот.