Целиот свет „ечи“ од Бијонсе, а сега славната дива го објави и вториот дел од видеото, во кое објаснува како дојде до албумот и што ја инспирирало.
Во последните неколку дена сите зборуваат само за Бијонсе! Ги сруши сите рекорди откако го објави својот петти студиски албум минатата недела. Бијонсе сите свои емоции ги претворила во музика, а со обзир на тоа дека нејзината Mrs.Carter Show турнеја која продолжува и наредната година, Queen B сите свои искуства ги собрала во 14 песни и дури 17 видео спотови.
„Совршенството е болест на нацијата“, пее Бијонсе во синглот ‘Pretty Hurts’, а „да се види нешто убаво во несовршенството“, е како порака за љубов, среќа и повеќе забава во животот, што ја навело Бијонсе да ги искористи своите приоритети и да ги пренесе во новиот албум. Сепак, никакви награди, трофеи ни исполнувања од она што другите го бараат од неа не можеле да ја исполнат. Љубовта тоа го направила, особено љубовта кон својот сопруг Џеј-Зи и ќерката Блу Ајви. „Ниту едно чуство не е подобро од она која ќерка ми ме вика мама, ништо друго не е толку добро кога ќе го погледнам својот сопруг во очи, и ништо друго не е толку добро кога застанувам на сцената и чуствувам дека го менувам животот на луѓето“, вели Бијонсе во своето ново видео кое го обајвила на Фејсбук.
Погледнете што точно мислела Бијонсе кога работела на својот нов албум и што ја инспирирало- пораката за крај е; животот е краток, уживај!