Зар и ти сине Бибере?

 

Поп ѕвездата Џастин Бибер, најави дека најверојатно ќе се повлече од светот на музичката сцена откако ќе го објави својот нов албум. Младата поп ѕвезда, Џастин Бибер, најави во текот на радио интервју во Лос Анџелес, дека најверојатно се повлекува.

На прашањето на водителот да му каже нешто повеќе за својот албум, Бибер одговорил: „ Всушност, откако ќе го објавам албумот се повлекувам. Сакам одмор, така што веројатно ќе се откажам од музиката“.

 

Тој го објасни овој потег како откажување од славата, која повеќе не го привлекува, па додаде дека секогаш го интересирале само неговите обожаватели и музиката.

 

- Реклама -