Викторија Бекам повторно се спои со својата кукла Viva Forever Posh, и се појави на новата насловна на францускиот магазин Vogue со својот сопруг.
Откако стана меѓународно позната дизајнерка, Викторија Бекам јавно се дистанцира од своето минато со Spice Girls. Но, последиот потег би можел да ги импресионира нејзините обожаватели затоа што дизајнерката повторно се појавила со своето алтер его- билата Viva Forever Posh.
„Конечно! Најдов со кого ќе снимам Божиќна реклама“, напишала Викторија под фотографијата со куклата. Куклата која беше ѕвезда за спотот од 1998 година, наводно ја зачувала нејзината мајка за спомен за нејзиното поп минато, пишува Daily Mail.
По снимањето, нашла утеха во гушкање на голема поларна плишана мечка. Но, на никој не му е јасно зошто има жолта чанта на главата? „Тоа е тоа време од годината повторно“, напишала Викторија на својот Твитер профил.