Актерот најпознат по улогата во хит серијата „Малком во средина“ на Твитер објавил дека после скоро цела година доживеал уште еден мозочен удар.
Младиот актер Френки Муниз на својот Твитер профил објавил дека претрпел мал мозочен удар. Тој мозочен удар е последица на краткотраен прекин на снабдување со крв мозокот, но не предизвикува изумирање на мозочното ткиво како што е случај во вистински мозочен удар.
„По скоро една година повторно доживеав мал мозочен удар. Се надевам дека ќе биде последен. Мизерно.“, напишал 27-годишната актерска ѕвезда кој се прослави со својата улога во серијата „Малком во средина“.
Сфатил дека нешто не е во ред во моментот кога ослепил на едното око додека возел мотор. „Не можев да кажам еден збор, а мислев дека зборам. Вереницата ме гледаше како да зборувам странски јазик“, рекол Муниз среќен што воопшто е жив.