Ја откри тајната за своите мускули

Љубопитни сте како актерот Келан Луц го направи своето мускулесто тело за потребите на филмот Херкулес? Еве го одговорот!13
Кенан Луц, без сомнение, исклучително напорно тренирал за своето тело да го доведе во совршена форма. Но, освен вежбањето, 28-годишниот убавец својот изглед го должи и на чоколадото.

„Имав многу ригорозни тренинзи. Освен тоа што морав да пазам што јадам, учев да јавам коњи, а некои сцени беа снимани на дожд. Беше многу напорно и исцрпувачки“, кажал актерот.

„Ако некогаш сте биле на филмски сет, тогаш знаете како таму во текот на целото снимање има многу храна. Тешко е да се јадат само здрави намирници кога има толку многу чоколадо околу мене. Дневно јадев по три чоколади“, признава Лиц.

Прочитајте и:  За филмот MaXXXine на Ty West

Келан Лиц ќе го видиме како Херкулес во филмот ‘Hercules: The Legend Begins’ а можете да го гледате во кината од 10-ти јануари 2014 година.

- Реклама -