Во неделата вечер во САД се одржа доделување на Американските Музички Награди.
Меѓу бројните победници нема многу изненадувања, меѓу другите, беа Тејлор Свифт, One Direction и Ријана.
За време на доделувањето на овогодишните AMA (American Music Awards) најмногу наградувана беше пејачката Тејлор Свифт и Џастин Тимберлејк, секој по три награди! Меѓу останатите, награди се најдоа во рацете и на One Direction за најдобар поп рок група и поп рок албум ‘Take Me Home’.
Песна на годината е на сите добро позната ‘Cruise’ од Флорида и Нели, додека Ријана И Џастин Тимберлејк освоија награда за најдобра R&B уметници.
Тејлор Свифт, како уметник на годината, даде интересен говор за време на примање на наградата: „Мој среќен број е 13, а вие оваа 2013 година ми ја направивте многу магична,“ рекла на своите обожаватели, и после додала: „Имам 23 години и немам идеја што ми се случува. Многу ве сакам!“.
Победниците по категории се:
Уметник на годината: Тејлор Свифт
Нов пејач на годината: Аријана Гранде
Песна на годината: “Cruise,” Florida Georgia Line featuring Nelly
Поп/рок пејачка: Тејлор Свофт
Поп/рок пејач: Џастин Тимберлејк
Поп/рок група: One Direction
Поп/рок албум: “Take Me Home,” One Direction
Кантри женски изведувач: Тејлор Свифт
Кантри машки изведувач: Лука Брајан
Кантри група: Lady Antebellum
Кантри албум: “Red,” Taylor Swift
Рап/хип-хоп изведувач: Macklemore & Ryan Lewis
Рап/хип-хоп албум: “The Heist,” Macklemore & Ryan Lewis
Соул/R&B пејачка: Ријана
Соул/R&B пејач: Џастин Тимберлејк
Соул/R&B албум: “The 20/20 Experience,” Justin Timberlake
Алтернативен рок изведувач: Imagine Dragons
Латино изведувач: Марк Антони
Најдобар изведувач за зрелата публика: Maroon 5
Електронки денс изведувач: Avicii