Член на жири комисијата на X фактор, му порача на Милич Вукашиновиќ – композитор, дека овој настап е бизарен и поради тоа излегува од натпреварот.
Зоран Кики Лесендриќ реагираше остро на повикувањето на Милич Вукашиновиќ дека е полн со омраза и не му дозволи да продолжи понатаму. Имено Милич се појави под друго име и со застрашувачка маска на лицето, но не ги задоволи Кики и Кристина Ковач, па не продолжи со натпреварувањето.
– Мене би ми било срам да сум на неговото место. Кога се појави на сцената, не сфатив за кого се работи. Доколку мисли да се реализира на 63 години, немам што да кажам. Од сите 170 кандидати, овој беше убедливо најлошиот и настапот му изгледаше бизарно. Такво однесување е непримерно за човек кој имал каква-таква кариера како композитор, додаде Лесендриќ.