Имале секс во авион: Откриено што правеле Кенедиеви пред атентатот

Џон Ф. Кенеди, 35. претседателот на Америка, водел љубов со сопругата Џеки во „Ер Форс ван“ – претседателскиот  авион, ден пред да биде убиен на 22. ноември. 1963 година.

Овој настан го опишале луѓето кои во тоа време работеле за претседателот, како последен момент на мир и интима на брачниот пар, кој постојано беше под окото на јавноста. Овие засега непознати занимливости од животот на Кенеди ги објави „Њујорк пост“. Џон и Џеки  воделе љубов за време на летот од Сан Антонио до Хјустон, лет кој тогаш траел 45 минути.

Тоа наводно го потврдила и самата поранешна прва дама на САД за историчарот Вилијам Манчестер уште во 1964-тата година. Оваа информација успешно ја сокрил во книгата „Смртта на претседателот“ од 1967 година. Манчестер информацијата ја споделил со писателот Филип Нобил, но од него барал да не открива пред неговата смрт.

Манчестер умрел во 2004. година, а Нобил решил оваа интересна информација да ја открие по повод 50 годишнината од смртта на Кенеди.

Oткако Џеки  ја споделила оваа информација за историчарот, настанал скандал по кој таа го тужела поради кршење на договорот.

 

- Реклама -