Прераната смрт на Британи Марфи во 2009 година со месеци беше тема во медиумите, и иако постоеа големи сомневања за дали е убиена, првите резултати од аутопсијата не покажале тоа.
Дури четири години после смртта на Британи Марфи е откриено од што починала актерката, неверојатно но била отруена и тоа со отров за глувци, пишува Daily Mai. Новите резултати од токсикологија протекоа во јавноста, а сега треба да се докаже дали и сопругот на актерката починал од истата причина. За потцетување, тој починал пет месеци подоцна.
Секако, родителите на славната актерка не можеле да ја прифатат нејзината прерана смрт без дополнителни истражувања и така да се потврди сомневањето во убиство. Според извештаите од американските медиуми, полицијата повторно ќе отвори истрага да го најде виновникот за нејзината смрт.
По последните резултати од аутопсијата се покажало дека за смртта на Британи била причина смртоносната комбинација на лекови и пневмонија.