Деми Мур и Ештон Кучер се официјално разведени

Бракот на Деми Мур и Ештон Кучер конечно е правно завршен. Иако на развод се решија во 2011 година, до сега ги немаа потпишано документите.

„Ештон и Деми конечно потпишаа документи за развод. Ќе ги предадат на судот и со тоа нивниот брак е правно окончан“, открил анонимен извор за New York Post.

Иако делуваа дека по разводот на бракот што го склопија во 2005 година, атрактивната 50-годишна актерка и нејзиниот 15 години помлад колега останаа во пријателски односи, наводно целиот процес околу финализирањето на разводот го забавуваа финансиски проблеми. Деми, чие богатство се проценува на 150 милиони долари, наводно од Ештон барала алиментација.Конечно нашле заедничко прифатливо решение, но никој не сакаше да открие детали.

- Реклама -