Конечно по 21 година дозна од што е болен!

Актерот Том Хенкс и откри на американската јавност дека конeчно по 21 година дознал од што боледува.

Том Хенкс моментно го промовира најновиот филм „Капетан Филипс“, а во гостувањето во една емисија откри дека страда од дијабетес.

tom-hanks

„Отидов кај лекар и тој ми рече: Знаете ова е високо ниво на шеќер што го имате во крвта и од кое страдате од 36 години. Е па, тоа е тоа. Имате дијабетес 2“, рекол 57 годишниот актер во емисијата „Late Night with David Letterman“.

Двојниот Оскаровец во текот на годините драстично ја менуваше тежината за филмски улоги. Според лекарите тоа би можело да биде причината за развој на дијабетес.

http://youtu.be/wBhZoTN2bvM

 

- Реклама -