Ацо Конга проговори за болеста: Најважно ми е да застанам на нозе

„Ја почнав терапијата и се надевам дека ќе ми помогне. Ќе се борам со сите сили да заздравам. Сега тоа ми е најважно, да застанам на нозе, зашто во моментов сум врзан за постела. Да се исправам, да седнам на Фејсбук и на сите знајни и незнајни луѓе да им напишам една голема благодарница што се со мене во овие тешки моменти“, изјавил музичарот Ацо Конга за „Вест“.

На музичарот му бил дијагноситицран рак на кожа, а потоа му била ампутирана раката. Откако дознал за скапата терапија, како што вели во интервјуто, почнал да продава работи од дома, а меѓу нив и неговите конги, со кои заработуваше низ годините и за кои вели дека му значеле живот.

„За мене, значеа живот. Но, кога ќе дојде ситуација и да се откажеш од најдрагото, многу е тешко. Кога дојдоа на ред за продавање, јас го доживеав најголемиот очај и покрај тоа што сум свесен дека повеќе нема да можам да свирам. Музичарите многу добро ќе ме разберат како сум се чувствувал. Но, сопругата и децата не дозволија да ги продадам“, вели Конга.

- Реклама -