Уште едно холивудско бебе: Запознајте ја малата принцеза Кармен

Педесет и четиригодишниот актер Алек Болдвин ја покажа ќеркичката Кармен која неговата сопруга Хилариа ја роди на крајот на минатиот месец.

Двојката ексклузивно го покажа бебето за Extra TV.

„Многу сум среќен и благословен. Овие работи ги чувствуваат сите кои добиваат бебе“, рекол Болдвин. Додека малата Кармен ги има очите на татко и, тој се надева дека ќе изгледа повеќе на неговата сопруга која е инструкторка по јога.

„Се надевам дека ќе личи на мајка и. Какво губење на време е да бидам оженет со таква жена, а да имам дете кое личи на мене“, се пошегувал актерот.

29-годишната Хилариа открила дека не може да престане да гледа во нејзиното ангелче.

Прочитајте и:  Kонтроверзниот филм „'Рѓа“ со премиера во Полска

„Тоа е љубов што боли. Сакам да бидам сигурна дека е во ред, секоја можна секунда“.

- Реклама -