Поранешната манекенка и натпреварувачка во едно американско реално шоу почина на 29 години.
Џиа Алеманд можеби на нашата публика не и е толку позната, но веста за смртта на ѕвездата од Bachelor ја шокираше американската јавност. Поранешната манекенка се појави во 14 сезона на популарното шоу, а пред два дена заврши во болница во Њу Орлеанс.
Нејзиното семејство моли за приватност, но изгледа дека Џиа се обидела да се самоубие.
Нејзиното момче, НБА кошаркарот Рајан Андерсон ја пронашол онесвестена во сопствениот дом, а потоа била пренесена во болница и веднаш била приклучена на апарати. Само неколку часа подоцна E!News објави дека младата Џиа ја изгубила битката во болница.
Претходно нејзината пријателка на Твитер напишала:
„Џиа е на апарати и одвај дише, без причина…следните 48 часа се многу критични. Молете се за Џиа. Многу сум тажна за мојата најдобра пријателка…како можеше тоа да и се случи на ваква прекрасна личлност“.
Вистинската причина за смртта допрва треба да се дознае.