Откако се породи пред еден месец Ким Кардашиан не излегува од дома, не дава изјави, но затоа следи се што се случува. Погледнете што порача на нејзината официјална страна.
Риалити ѕвездата Ким Кардашиан стана мајка пред еден месец на ќеркичката Норт Вест и од тогаш не излегува од дома, освен на 4 јули кога беше на забава во домот на Брус Џенер и пред неколку денови кога беше видена со автомобилот на дадилката.
Сега им упати благодарност на сите свои пријатели.
„Последните неколку недели беа исполнети со највозбудливи настани во мојот живот. Уживам во времето за потполно да го прифатам мајчинството и да го поминувам времето дома со семејството. Ги читам сите ваши убави пораки и сакам да ви заблагодарам на вашите мисли и добри желби. Тоа навистина многу ми значи. Благословена сум што имам поддршка од семејството и обожавателите во овој прекрасерн момент. Ве сака Ким“.