Трагична несреќа: Позната причината за смртта на ѕвездата од „Glee“

Канадските власти објавија дека 31-годишниот актер Кори Монтит, ѕвезда на тинејџерската серија „Glee“, починал од предозирање со хероин и алкохол.

Вештаците соопштиле дека Монтит, кој во саботата беше пронајден мртов во хотелска соба во Ванкувер, починал од токсична мешавина на хероин и алкохол. Се чини дека неговата смрт не била намерно предизвикана.

„За сега нема докази дека смртта е било што друго освен трагична несреќа“, стои во соопштението.

Do-Something-Awards-August-19-2012-Arrvials-cory-monteith-32192526-2000-2722

Бројни фанови, но и целокупната јавност остана шокирана од прераната смрт на актерската ѕвезда. Славата ја стекна во серијата „Glee“ каде ја запозна неговата девојка Леа Мишел.

Актерот се борел со зависноста од дрога од 19 години, кога првпат заминал на рехабилитација. Неодамна Кори повторно сам се пријави на клиника, но очигледно дека не ја победил зависноста од дргоа.

Прочитајте и:  За да го намалите ризикот од деменција, ограничете ја консумацијата на еден вид пијалок
- Реклама -