Оскаровецот отворено проговори дека многу тешко ја поднел славата и дека утеха барал во алкохолот.
73-годишниот актер Ал Пачино призна дека на почетокот на кариерата му било многу тешко да се носи со славата и дека утеха барал во алкохолот.
Недостигот на поддршка од семејството, како што рекол, бил клучниот фактор поради кој уште како млад посегнал по различни опијати. Особено му било тешко кога на 22 годишна возраст ја изгубил мајка му која му била најголема и единствена поддршка.
Пачинот признал дека тешко се носел со славата што му ја донел филмот „Кум“ што му било скеојдневен извор на стрес, а спасот го барал во алкохолот.
За таблоидот The Sun изјавил:
„Почнав да пијам се повеќе и повеќе. На почетокот тоа беше дел од територијата – дел од актерската култура. Но стана сериозно. Кратко време бев член на група Анонимни алкохоличари“.
На некои славни личности многу тешко успеваат да се справат со славата и со се што носи јавниот живот. Вчера и актерот Метју Пери јавно проговори за неговата борба со алкохолизмот.