Не помина многу време откако беше искритикувана за една сцена во нејзиното последно видео каде вперува пиштол во танчерот кој ја придружува, но Мадона се чини продолжува и понатаму да го негува новиот имиџ на „лоша девојка“.
54-годишната пејачка гордо објави на нејзиниот Инстаграм профил две фотографии на кои ги покажува нејзините златни заби карактеристични за раперите. На едната дури и позираше со нож во устата, додека под нив Мадона напиша: „Don’t hate me. Hate my grilz“.
Во меѓувреме, во последната епизода од шоуто на семејството Кардашијан, мајката на познатите убавици, Крис Џенер (57), беше прикажана како пие текили заедно со нејзината ќерка Клои во еден мексикански бар, по што лудо се забавува правејќи неред. Во истата епизода, тогаш се уште бремената Ким Кардашијан мораше да се заканува дека доколку не престанат нејзините пијани лудории ќе мора да повика полиција.
Мадона и Крис Џенес се само еден од многуте примери кои покажуваат дека во денешницата славните се потешко се носат со годините и никако не сакаат да се помират со возраста. Тие, и многу слични на нив, наместо како искусни жени кои ќе даваат добар пример, се однесуваат како полудени тинејџерки.