Гол маж истрча на писта на ревија на Долче и Габана (видео)

Непознат маж ја прекина ревијата на Долче и Габана што викендов се одржа на миланската модна недела. Тој истрча на пистата сосема гол.

354289_revija05afpfoto-giuseppe-cacace_ff

На претставувањето на нивната колекција пролет/лето 2014 Долче и Габана доживеаја непријатно изненадување. Во еден момент на модната писта истрчал гол маж кој на себе имал само црвени патики. Тој гордо парадирал пред гостите, меѓу кои бил и фудбалерот Лионел Меси.

354292_revija08afpfoto-giuseppe-cacace_ff

Ова дефинитивно не беше добра недела за Долче и Габана кои добија 20 месеци затвор поради затајување данок.

http://youtu.be/r9D2WOPqyDA

 

- Реклама -