Долче и Габана осудени на затвор

Судот во Милано ги осуди модните креатори Доменик Долче и Стефано Габана на затворска казна од една година и осум месеци за затајување данок.

Познатите дизајнери се прогласени за виновни затоа што „заборавиле“ да пријават приход од над милијарда евра.

Обвинителството ги товари креаторите за затајување данок на приходи од по 416 милиони евра и 200 милиони евра што ги затаиле преку кампања во Луксембург.

Пред две години судијата го отфрли случајот против Долче и Габана за затајување данок и проневера, а високиот суд подоцна пресуди дека може да се товарат за избегнување плаќање данок, но не и за проневера.

- Реклама -