Даглас: Добив рак на грло откако орално задоволував девојка

Актерот Мајкл Даглас открил дека го добил ракот на грло откако орално задоволувал девојка.

Во својата исповед за „Guardian“, Мајкл Даглас тврди дека лекарите му рекле дека го добил ракот на грлото откако орално задоволувал девојка која имала ХПВ, една од најчестите полови болести.

majkl

До сега како причина за неговата болест се сметаше неуредниот живот и конзумирањето алкохол и пушењето. На 68-годишниот актер, кој од 2000 година е во брак со 43-годишната актерка Кетрин Зета Џонс, ракот на грлото му беше дијагностициран во 2010 година откако докторите забележале тумор со големина на орев на неговиот јазик.

Во текот на хемотерапијата изгуби повеќе од 20 килограми, но се излечи и веќе две години е здрав.

- Реклама -