Огњен Амиџиќ и Данијела Димитриовска чекаат бебе

Познатата српска двојка ќе добие принова, а како што велат Огњен и Данијела не е важно дали ќе биде момче или девојче.

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата сопруга, манекенката Данијела Димитриовска кои правеа свадба пред една година открија дека чекаат бебе.

Како што пишува магазинот „Hello“ двајцата одамна сакаа бебе, а сега конечно желбата им се исполни, а како што велат самите не им е важно дали ќе биде момче или девојче.

ognjen-amidzic-i-danijela-dimitrovska1

Огњен и Данијела се запознаа во јануари 2010 година, кога манекенката гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“. Данијела тогаш имаше момче, а Огњен сѐ уште беше во брак. Меѓутоа, патиштата им се споија и повторно се сретнаа, но овој пат во Америка, каде што се зближија.

danijela-dimitrovska-i-ognjen-amidzic

Се верија минатото лето во Турција по една година врска, а веридбата ја прославија во октомври минатата година во Пожаревац, родниот град на манекенката.

- Реклама -